Спорт

Металург суспендираше три ракометарки

Металург суспендираше три ракометарки

Раководството на ЖРК Металург денеска донесе одлука за суспензија на Теодора Керамитчиева, Ангела Тодоровска и на Клаудија Георгиевска.

Врз основа на одлука на дисциплински орган се изрекува суспензија на ракометарките Теодора Керамитчиева, Ангела Тодоровска и Клаудија Георгиевска.

По член 43 од дисциплинскиот правилник на РК Металург, а за сторен прекршок по член 32 од истиот правилник (неоправдано отсуство од тренинг, натпревар или подготовки).

Суспензијата важи до моментот на изрекување на казната, се вели соопштението на женскиот ракометен клуб Металург.