Металург убедлив на гостувањето кај Чеховски Медведи

Ракометарите на македонскиот вицешампион Металург постигнаа убедлива победа од 32:26 (15:15), на гостувањето во Русија. кај Чеховски Медведи.

Ова е втора победа за тимот на Металург по првите пет кола во Групата Д од ракометната Лига на шампионите. Неговите ракометари одиграа солидно во првото и многу уверливо во второ полувреме за заслужата победа.

Исто така, ова е прва победа на нашиот тим во Чехово, каде денеска го одигравме вкупно третиот натпревар, а истовремено ова е засега највисокиот пораз на Чеховски Медведи на домашен терен во тековната сезона, иако досега му гостуваа и Монпелје и Бешикташ.

 

Во првото полувреме се играше израмнето во кое ниту еден од проивниците не создаде позначајна предност од два гола. Затоа, пак, во второто полувреме ракометарите на Металург одиграа одлично и со серија од 4:0 се одлепија на 24:19. Потоа следеше рутинска игра до самиот крај на натпреварот.

Мартин Томовски имаше одличен ден успевајќи да одбрани осум удари и три седмирци на противничките играчи, а расположен беше и Халил Јагањац кој натпреварот го заврши со девет голови. Кај домаќините се издвоија Куретков со 5 и Маслеников со 4 голови.