Металург убедливо поразен на гостувањето во Кипар

Македонскиот претставник во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, Металург, е убедливо поразен на гостувањето кај кипарска Омонија со 3-0. Стрелци на погодоците за домашниот тим беа Рамос во 9. и 57. и Поте во 14. минута од натпреварот.

Иако “металурзите” имаат значително подмладен состав оваа сезона, тренерот Срѓан Захариевски по натпреварот истакна дека ова е разочарувачки пораз, не само поради трите погодоци во мрежата на неговиот тим туку и поради лошата игра. Како и да е, Захариевски исто така нагласи дека ова е едно огромно искуство за овој млад тим на Металург кое и тоа како ќе им служи во иднина.

Металург е единствениот македонски претставник кој остана да се натпреварува во евро-куповите, а дали ќе продолжи понатаму зависи од тоа што ќе се случува на реванш дуелот против Омонија кој ќе се игра на 7ми август на арената “Филип Втори” со почеток во 20:45.