Спорт

Металург убедливо поразен во Унгарија

Металург убедливо поразен во Унгарија

Металург загуби убедливо од Веспрем со 33:21 на гостувањето во Унгарија во рамките на 3. коло на СЕХА лигата.

За Металург ова е втор пораз сезонава во СЕХА лигата, а унгарскиот првак ја оправда фаворитската улога и останува единствениот тим што досега има максимален број на бодови – 18, по шест одиграни натпревари.

Лино Червар на ова гостување играше со млада постава, одморајќи ги поискусните за натпреварот од Лигата на шампионите против ПСЖ следниот викенд.

Победникот беше решен уште по првото полувреме кое заврши во корист на унгарскиот претставник со 18:10.

Цело второ полувреме предноста на Веспрем беше двоцифрена, а Унгарците имаа шанса да направат и плус 14.

Најефикасен во македонскиот тим беше Лука Циндриќ со шест постигнати голови.