Металург во подмладен состав го совлада Нексе

Металург во подмладен состав, без Мојсовски, Димовски, браќата Марковски, Манасков и повредениот Јоноски во заостантиот натпревар од регионалната СЕХА лига, славеше над Нексе со 23:21.

Во составот беа репрезентативците Вугринец, Миркуловски и Митревски.

Натпреварот не започна добро за Металург, Нексе во 11.минута создаде предност од 2:5, но влегувањето на Миркуловски донесе пресврт во играта па ‘металурзите’ стигнаа до предност од 7:6, а на полувреме беше егал 11:11.

Во второто полувреме од 36. до 39.минута со головите на Георгиевски, Миркуловски и Вигринец Металург се одлепи на три гола (16:13), во 45.минута предноста на домашниот тим беше 19:15.

До крајот Нексе не успеа посериозно да ја загрози предноста на Металирг во чии редови Вугринец постигна осум гола, а ветаранот Мисовски имаше 12 интервенции.

фото: ekipa.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.