Металург втор пат торпедиран од Кил

Ракометарите на Металург, претрпеа висок порааз и во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Металурзите се поразени на гостувањето кај Кил со 34:26 со што го завршија настапот во најквалитетното клупско натпреварување.

Избраниците на тренерот Лино Червар, беа рамноправни противници само во првите 15 минути од натпреварот, по што домаќините ја презеде целосната контрола над играта и резултатот, а на полувремето заминаа со предност од осум голови (19:11).

Во вториот дел Кил само ја зголемуваше разликата и во 41 минута ја имаше најголемата предност од 11 голови ( 25:14), по што беше јасно дека Германците повторно ќе забележат убедлива победа.
Словенецот Ренато Вугринец натпреварот го заврши во 35 минута, доби црвен картон заради приговор на судијата, а на повеќе од пет миниути до крајот натпреварот заради три исклучувања заврши и за Никола Кеџо.
Натпреварот го одбележа и младиот македонски репрезентативец Филип Талески, кој дебитираше со три голови во најквалитетното клупско натпреварување.

Најефикасен во тимот од Автокоманда беше Вугринец со 7 голови, пред Циндриќ со 6 голови. Во противничкиот тим најефикасен беше Клаин со 9 голови.