Спорт

Металург задоволен и со реми со погодоци

Металург задоволен и со реми со погодоци

Денеска во Сараево, со почеток во 21:00 часот, ќе стартува реванш дуелот од 2. квалификациско коло од најмасовното клупско натпреварување, Лига на Европа, пресметката помеѓу босанскиот прволигаш Железничар и македонскиот претставник Металург.

Првиот дуел, одигран на националната арена “Филип Втори” во Скопје заврши без погодоци, а пласман во следната рунда, на избраниците на Срѓан Захариевски им е потребна минимална победа или реми со погодоци.

Драго ни е што сме во Сараево. Железничар во Скопје се чувствуваше како дома, а сега истото е случај и со нас овде. Очекувам тврд и неизвесен натпревар, во кој би можело да одлучи една грешка. Верувам дека ние ќе поминеме понатаму”- изјави Захариевски на прес-конференцијата пред натпреварот”, изјави Захариевски.