Спорт

Металург заработи висока казна од РФМ

Металург заработи висока казна од РФМ

Поради нередите кои се случија на дуелот помеѓу Металург и Зомимак, кој беше одигран во рамките на 4-то коло од Суперлигата, комесарот за натпревари при Ракометната федерација на Македонија изрече казни.

Имено, во второто полувреме од овој натпревар, кој беше одигран на 14-ти април во “Автокоманда”, на теренот влегоа навивачи на домаќините кои предизвикаа инциденти, по што полицијата и редарите беа приморани да интервенираат.

Поради ова, македонскиот шампион треба да плати 150 илјади денари, додека претседателот на клубот, Левче Китевски заработи казна од 51 илјада денари.

Поради неправилности на мечот против Прилеп, од истото коло, со 10 илјади денари казнет е и Радовиш.

Незадоволните странки имаат право на жалба во рок од осум дена од објавувањето на одлуката.