Mетеоролог покажа што се случува на ветер со брзина од 150 км/ч (ВИДЕО)

Метеорологот Џастин Дрејк објави снимка како се бори со силниот ветер на Флорида. Тој едвај се додржува на нозе, додека ветерот со силина од 150км/ч го враќа назад.

Снимката со ветерот кој на снимката дува со брзина од 150 километри на час била направена во Седлбанч Кис, остров крај Флорида.

Дрејк на себе има маска за пејнтбол која ветерот брзо ја трга од неговото лице. Во неколку наврати ветерот го турка по неколку метри наназад, но Дрејк сепак успева да се додржи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.