Балкан

Метеоролозите кои ги предвидеа поплавите на Балканот со нови прогнози

Метеоролозите кои ги предвидеа поплавите на Балканот со нови прогнози

Европа може да има големи проблеми и со снегот но и со обилните дождови, особено подрачјата на Средоземјето, Балканот, подрачјата околу Црно море како и средна Европа.

Ова е прогнозата која е објавена на страницата Временска прогноза за Хрватска и БиХ, чии метеоролози станаа познати откако неколку дена пред катастрофалните поплави, единствено тие предупредија на она што се подготвува.

– Гадно се лажат оние кои мислат дека американското сценарио оваа зима не е можно во Европа. Кога времето е во прашање ништо не е невозможно. Дали ќе го погоди баш нашиот регион зависи од типот на влошувањето, се наведува на страницата, која претходно навела дека може да се очекува зима со поголеми врнежи, но со нешто повисока просечна температура.

За подрачјето на Балканот, овие метеоролози за идните три дена наведуваат дека во Црна Гора, Албанија и Грција може да се очекува воглавно сончево и топло време со ладни ноќи и утра со мраз.

– Во Србија, Македонија утрата ќе бидат ладни и магловити. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, наведуваат метеоролозите.