Метеоролозите за викенд најавуваат дожд и грмежи

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со услови за слаб локален дожд и со умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната температура до 22 степени.

До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, особено во недела. Ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од западен правец. Во вторник ќе биде посвежо со засилен ветер од северен правец, а врнежите на планините ќе преминуваат во снег. Од среда ќе биде стабилно и потопло.