„Метју“ со себе зеде 34 жртви во САД

Гувернерот на Северна Каролина, Пат Макрој изјави дека биле пронајдени уште четири тела, со што бројот на жртви од ураганот „Метју“ во државата достигна 18.

Останатите жртви се од државите Џорџија, Флорида и Јужна Каролина.

Скоро 4.000 лица во Северна Каролина беа евакуирани од нивните домови.

Претседателот на САД, Барак Обама, вчера објави вонредна состојба во Јужна Каролина.

Претходно, „Метју“ им ги одзеде животите на над илјада лица на Хаити.