Македонија

„Метропол“ ќе стане осумкатница со купола

„Метропол“ ќе стане осумкатница со купола

По барање на сопственикот на „Стар Метропол“ во централното градско подрачје, обектот ќе добие нова фасада и ќе стане осумкатница. Градоначалникот Коце Трајановски вчера до Советот на Град Скопје достави предлог да се направи измена на катноста и на фасадата на објектот,  а најгоре ќе се гради купола врз која ќе се постави антена.
„Градот прими идеен проект од страна на сопственикот на објектот со барање за измена на фасадата на објектот ’Стар метропол‘ со надградба и доградба. Идејниот проект е нарачан од ‘Канет Адем ДООЕЛ Скопје‘“, стои во образложението до советниците.

Новото идејно решение се однесува само за објектот „Метропол“, а не и за ТЦ „Сити галери“ за кој останува старото идејно решение.