Метрото во Брисел во прекин: маж мавтал со пиштол и извикувал „Алах е голем“

Движењето на метрото во Брисел по две од четирите линии во градот било запрено за кратко вечерва, откако маж мавтал со огнено оружје и извикувал „Алах е голем“, јави БТА, пренесе МИА.

Откако добила сигнал, полицијата почнала потрага по мажот, но тој успеал да избега.

Полицијата го прегледала видео записот од метро станицата, која се наоѓа во еден од најпроблематичните имигрантски квартови.

Во исто време, властите презедоа антитерористичка операција во градот Вервие, во југоисточниот дел на земјата, во која загинале најмалку три лица. Деталите се очекуваат подоцна вечерва.