Меучи: Косовските обвинители се плашат, затоа се повлекуваат од тешки случаи

Шефот на мисијата на ЕУЛЕКС Габриеле Меучи изјави дека локалните косовски обвинители се повлекуваат од истрагите за неколку тешки случаи со образложение дека се плашат, пишува весникот „Зери“.

Коментирајќи го скандалот во врска со корупцијата во ЕУЛЕКС, Меучи изјави дека тоа негативно влијаело на кредибилитетот на мисијата, иако засега се тоа е претенциозно, дека треба време да се открие вистината и дека првите извештаи од истрагата ќе бидат објавни најдоцна во април 2015 година.

Меучи нагласи дека ќе работи на враќање на довербата, додавајќи дека жителите на Косово треба да знаат дека мисијата не е „Супермен“ или „Спајдермен“, како и дека не дошле на Косово да апсат секого.

Според Меучи, има стотина случаи по истрага на кои работат локални обвинители. Сепак, наспроти добиените овластувања за истрага, локалните обвинители чувствуваат страв и бараат ЕУЛЕКС да се занимава со тоа.

Шефот на ЕУЛЕКС за основањето на Специјалниот суд, изјави дека судот ќе го основа Собранието на Косово, откако ќе усвои неколку потребни закони.

– Специјалниот суд нема да биде меѓународен суд, како што е судот за воени злосторства во поранешна Југославија. Ова е суд што ќе се формира по законите на Косово, изјави шефот на ЕУЛЕКС.

Извор: МИА