Спорт

Мaзе: Подобро поделба на злато, отколку стотинка повеќе

Мaзе: Подобро поделба на злато, отколку стотинка повеќе

Словенечката скијачка Тина Мазе и го донесе најголемиот успех на својата земја на Олимписките игри во Сочи. Таа го подели златниот медал во спуст со Швајцарката Доминик Гисин, откако двете целната рамнина ја минаа со идентично време од 1:41.57 минути. По трката Словенката изјави дека било подобро што го поделила златниот медал, отколку да заврши на втората односно третата позиција.

“Особено интересно е што го поделивме златотот. Ове е необична ситуација , но навистина посебна. Подобро е што го поделивме, бидејќи не е убаво едната да заостанува само стотинка. Двете сме пресреќни, а тоа се гледа на нашето лице , изјави Мазе, која и го донесе првиот златен медал на Словенија по осамостојувањето .

Ова е прв пат во историјата на Олимписките игри две натпреварувачки да го поделат златниот медал.