четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 41

Мезиер: Балканската рута на мигрантите е минато

Германската Влада е загрижена бидејќи се поголем број мигранти ќе се обидат да пристигнат во Европа така што од Либија преку Медитеранот ќе дојдат во Италија, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер.

132811899

Последни вести

Според него, балканската рута е дел од минатото.

– Јасно е дека балканската рута е дел од минатото и нема, или не би требало, да биде место преку кое минувал бранот до Германија и Австрија и централна Европа, изјави Мезиер на прес конференција во Потсдам.

Тој вели дека сега како прашање се поставува алтернативна рута.

– Загрижени сме дека повторно голем број бегалци ќе се упатат преку Либија кон Италија, нагласи Мезиер.

Најчитани вести