МФ: Ако „грчкото сценарио“ на СДСМ е точно, како Македонија е меѓу најниско задолжените земји во Европа?

Црната кампања на СДСМ за јавниот долг очигледно продолжува. За точно информирање за намената и состојбата на државниот и јавниот долг, јавноста и граѓаните ги упатуваме на веб-страната на Министерството за финансии каде на месечна основна се објавуваат сите расходи и приходи во буџетот, а на квартална состојбата на јавниот и државниот долг, според методологијата на ММФ, се вели во реакцијата на Министерството за финасии по однос на соопштението на СДСМ за јавниот долг.

-Буџетот за 2016 година, како и години наназад е проектиран со буџетски дефицит – како и кај сите земји во развој со цел да се придвижи економијата. Планираните расходи за минатата година се дадени во Буџетот за 2016 година, а реализираните во фискалната табела која ја објавува Министерството за финансии – истата која пред неколку дена ја коментираа од СДСМ, а сега прашуваат на што се трошеле парите. Во фискалната табела, секој граѓанин може да види колку средства оделе за плати и надоместоци, за здравствена и социјална заштита, за капитални инвестиции, информираат од министерството.

Освен дефицитот Министерството за финансии по основ на стари доспеани кредити во 2016 година има исплатено над 200 милиони евра.

Доколку навистина состојбата со долгот е критична, зошто тогаш ММФ вели дека добро менаџираме со јавниот долг? Ако „грчкото сценарио“ на СДСМ е точно, како Македонија е меѓу најниско задолжените земји во Европа?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.