Македонија

МФ: Аукциите законски, Наумов шири невистини за политички поени

МФ: Аукциите законски, Наумов шири невистини за политички поени

Владата на почетокот на годината носи одлука за максималниот износ за аукции на државни хартии од вредност. Тоа е максималниот лимит кој не смее да се надмине. Сепак, сумата на издадените хартии од вредност може да биде помала од овој лимит во согласност со износите на буџетот. Со ребалансот износот на аукции на државни хартии од вредност не е зголемена, туку е намалена – значи таа е во рамки на одлуката на Владата за максимален износ, наведува Министерството за финансии.

Со оглед дека со аукциите годинава се издадени државни хартии од вредност кои се неколкукратно помали од лимитот предвиден и со одлуката на Владата и од лимитот предвиден со ребалансот – што може секој граѓанин да го провери на веб страната на Министерството за финансии, се додава во реакцијата, очигледно е дека соопштението на Наумов е  со политичка цел, односно да алудира дека Министерството работи неправилно и непрописно како би добил одредени политички поени во овој период.