четврток, 19 јануари 2017  |  Вести денес: 0

МФ: Аукцијата успешна, продадени државни хартии во вредност 73 милиони евра

МФ: Аукцијата успешна, продадени државни хартии во вредност73 милиони евра

Поврзани вести

Министерството за финансии на денешната аукција продаде државни хартии во вредност 73 милиони евра.

На аукцијата, која успешно се реализираше, државни хартии од вредност купија банки, осигурителни компании, пензиски фондови и штедилници, наведува Министерството за финансии.

Со реализација на аукцијата се обезбедуваат ликвидни средства за исплати кон стопанството и граѓаните, како што и беше планирано со буџетот за 2015 година, наведуваат од Министерството за финансии.

Во текот на декември по основ на стари, доспеани за враќање, хартии од вредност Министерството ќе им врати на банките 84,6 милиони евра.

Министерството за финансии ќе продолжи со одговорно управување со јавните финансии и партнерскиот однос со банките и стопанството.

Најчитани вести