МФ: АВМУ е добро запознаена со постапката за финансирање на Агенцијата за време на изборниот процес

Денешната реакција на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги до Министерството за финансии како и соопштението до медиумите е да се пласираат информации без содржина со цел креирање лажна перцепција дека некој некаде нешто опструира, се истакнува во соопштението на Министерството за финансии по повод реакцијата на АВМУ.

– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е добро запознаена со постапката за исплата на средства за финансирање на Агенцијата за време на изборниот процес, според која Владата најпрвин треба да донесе одлука – процедура, која веќе е во тек, врз основа на која Министерство за финансии врши исплата на средствата, стои во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.