МФ: Еврообврзницата се издава согласно Законот за јавен долг

Во однос на тврдењата искажани на прес-конференцијата на Кире Наумов од Социјал демократскиот сојуз, од Министерството за финансии посочуваат  дека еврообврзницата се издава во согласност со Законот за Јавен долг, член 18 став 5 кој гласи ДХВ (државни хартии од вредност) а во име на Република Македонија на меѓународниот пазар на капитал ги издава Министерствотро за финансии врз основа на одлука на Владата на Република Македонија со која се утврдува максималниот износ на ново задолжување преку ДХВ (државни хартии од вредност).

-Владата има функционална надлежност, законско право и легитимност да ја донесе оваа одлука согласно Законот за Влада и неговите последни измени од ноември 2015 година. Согласно член 43 од овој Закон предвидува состав на Влада која ќе организира парламентарни избори, додека членовите 44,45 и 46 поблиску го уредуваат составот на Владата која ќе ги организира предверемените парламентарни избори во 2016, со назначување на министри и дополнителни заменици министри во министерствата кои се во нив утврдени.

Во моментот на донесувањето на одлуката во Република Македонија не се закажани предвремени парламентарни избори, и времето на нивното одржување се уште е неизвесно, се вели во реакцијата на Министерството за финансии.