МФ: Фрапантно е Наумов да не знае да чита календар на аукции

Министерството за финансии реагира на изјавата на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.

-Фрапантно е дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов да не знае да чита календар на аукции на државни хартии од вредност. Всушност секој граѓанин на веб-страната на Министерството за финансии може да провери дека  на 6 ноември доспеваат за враќање 751 милион денари, додека на 8 ноември се одржува аукција на која се побаруваат државни хартии од вредност во износ од 750 милиони денари. Станува збор за презапишување на записите. Ова е уште една епизода на дезинформирање на јавноста со цел негативен ПР за состојбата на државниот долг, реагираат од МФ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.