понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 0

МФ: Инвеститорите не ја послушаа опозицијата – Еврообврзницата издадена поволно

ministerstvo-za-finansii-740x496

Поврзани вести

Денес Македонија ја издаде еврообврзницата во вредност од 450 милиони евра по купонска каматна стапка од 5.625 % годишно и рочност од 7 години, што се исклучително поволни услови со оглед на сложената политичката ситуација во земјата, велат од Министерството за финансии.

Оттаму нагласуваат дека доколку ги немаше злонамерните опструкции и попречувања од страна на опозицијата, со оглед на првично пројавениот огромен интерес од инвеститорите, каматната стапка ќе беше далеку поповолна, односно истата ќе беше дури под 5 % годишно, согласно очекувањата на меѓународните инвестициски аналитичари. Цената за ова неодговорно однесување на опозицијата за жал ќе ја платат сите граѓани на Република Македонија.

Успешното издавање на еврообрзницата е верификација на добро спроведениот процес во исклучително неповолен и тежок политички амбиент. Средствата од еврообврзницата ќе се користат за буџетски потреби во фискалните 2016 и 2017 година, како и за отплата на долгови кои доспеваат. Владиниот тим успеа да ги обезбеди неопходните средства значајни за одржување на макроекономската стабилност и развојниот тренд на македонската економија. Постапката за издавање на еврообврзницата се одвиваше согласно сите законски прописи и истата беше усогласена со Министерството за правда, правните застапници на Владата на РМ и правните застапници на конзорциумот на банки преку кои се издаде еврообврзницата, се вели во соопштението.

Најчитани вести