сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

МФ: Јавниот и државниот долг се намалени во четвртиот квартал

Министерството за финансии во реакција на соопштението на СДСМ за јавниот долг, наведува дека тоа е класична манипулација на партијата како дел од ПР кампањата која ја водат за јавниот долг.

јавен долг

Поврзани вести

Секој кој ќе ја отвори веб-страната на Министерството за финансии може да го прочита извештајот за јавниот и државниот долг и да види дека и државниот и јавниот долг се намалени во последниот квартал од 2016 година, се наведува во реакцијата.

Појаснуваат дека состојбата што е објавена од Министерството за финансии вчера е заклучно месец декември и оти методолгијата која се применува за пресметка и прикажување на јавниот долг е усогласена со ММФ.

Иако СДСМ постојано се повикува на ММФ за разни економски теми, кога станува збор за јавниот долг на земјава секогаш испуштаат да кажат дека Фондот истакна дека Македонија води прудентна политика на јавен долг. Исто така, Фондот препорачува за земјите во развој каква што е Македонија, јавниот долг да се движи во границите меѓу 49 отсто до 58 отсто, се истакнува во реакцијата.

Најчитани вести