МФ со осуда за вандалското однесување и оштетување на државен имот

Во однос на вчерашните протести пред заградата на Министерството за финансии, при кои беше оштетена со боја фасадата на зградата, би сакале да посочиме:

– Министерството за финансии го почитува неприкосновеното право на граѓаните за мирен протест, но го осудува вандалското однесување на поединци кои оштетуваат државен имот изграден со парите на граѓаните на Република Македонија.