МФ: Партијата на Ташевска Ременски пензиите ги намали за 8 проценти и ги исплаќаше на рати

пензиите

Со претстојното зголемување на пензиите просечната пензија во Македонија ќе биде поголема за над 70 проценти во однос на она што го остави претходната влада предводена од СДСМ, кога пензијата изнесуваше само 7.688 денари. За потсетување тогаш пензиите се исплаќаа на рати и доцнеа, за разлика од сега кога се исплаќаат првата недела во месецот. Ќе потсетиме и дека за време на владеење на политичката опција на која и припаѓа техничката министерка Ременски пензиите беа намалени за 8 проценти, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Во него се посочува дека министерот Миноски изјавата за претстојното покачување на пензиите ја дал по средбата со пензионерите во Прилеп, на која меѓу другото се зборувало и за зголемување на пензиите за околу 670 денари.

Како што кабинетот на техничката министерка Ременски за спроведување на изборите може да забележи, освен изјавата на министерот имаше изјави и од страна на пензионерите кои ги пофалија политиките кои ги спроведува Владата и односот кој го има кон пензионерите, се додава во соопштението.

Грижата за пензионерите, се истакнува во него, се манифестира и преку низа други проекти и поволности кои ги спроведува оваа Влада како бесплатното банско лекување, бесплатните викенди, намалувањето на цената на лековите, изземање за партиципација за болнички трошоци…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.