понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 38

МФ : СДСМ да го погледне Законот за јавен долг пред да ја дезинформира јавноста

Од Министерството за финансии реагираат на, како што велат непринципиелното однесување и етикетирање од страна на Социјал-демократскиот сојуз, а по повод на нивното вчерашно соопштение (од 10.07.2016) во кое обвинуваат за непознавање на законската регулатива и немање законска основа за издавање на еврообврзница.

Поврзани вести

Интегрален текст од писмено соопштение на Министерството за финансии на РМ:

Сите аргументи кои ги наведе Министерството за финансии дека еврообврзницата се издава согласно законската регулатива се цитирани членови на закони, односно од Законот за јавен долг и Законот за Влада. Секој може да ги провери членовите на конкретните закони. Во соопштението Министерството за финансии цитираше конкретен член на Законот за јавен долг – член 18 став 5 гласи „Државни хартии од вредност во име на Република Македонија на меѓународен пазар на капитал ги издава Министерството за финансии врз основа на одлука на Владата на Република Македонија со која се утврдува максимален износ на ново задолжување преку државни хартии од вредност“. Во законот, односно во членот и ставот кој го цитиравме НЕ стои Комисија за хартија од вредност. Претпоставуваме дека има луѓе во СДСМ кои можат да го отворат и прочитаат законот пред да ја дезинформираат јавноста, а се со цел да го нападнат министерот за финансии. Инаку невистина е дека Македонската информативна агенција се оградила од грешката, напротив од нивна страна беше пуштена корекција. Значи и во овој случај во соопштението пуштено од СДСМ беше наведена невистина.

Најчитани вести