Економија

МФ врати 57 милиони евра во стопанството по основ доспеани ДХВ

МФ врати 57 милиони евра во стопанството по основ доспеани ДХВ

 

Mинистерството за финансии денеска исплати 3,5 милијаради денари (57 милиони евра) за стари издадени и доспеани за исплата државни хартии од вредност.

До 6 декември по овој основ ке бидат вратени уште 328.500.000 денари (5,34 милиони евра).

На 8 декември доспева за исплата и еврообврзницата издадена во 2005 година во вредност од 150 милиони евра.

За Министерството за финансии примарно останува точно и навремено сервисирање на обврските.