Балкан

Според Вечерње Новости Мичел носи четири предлози за Косово во Белград

Мичел носи четири предлози за Косово во Белград

Предлог од четири точки соодржи новиот американски пакет за Косово, кој би можел да им биде претставен на српските официјални претставници, кога Вес Мичел, претставникот на Доналд Трамп, во среда ќе пристигне во Белград.

Според весникот „Вечерње новости“, Мичел може во Белград за да го претстави последниот работен текст на администрацијата на Трамп за Косово, кој се состои од четири точки: Заедницата на српските општини добива широки извршни овластувања, истата ќе биде тесно поврзана институционално со вицепремиерот во Приштина (кој би бил од српска националност), Белград  дозволува на Приштина да учествува во меѓународните организации, а за возврат добива отворена врата за ЕУ и економска и политичка помош на САД на меѓународната сцена.

Во меѓувреме министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека доаѓањето на Мичел е многу важно бидејќи ова е прва посета на еден ваков висок функционер од новата администрација на Вашингтон, како и дека веќе имал можност да се сретне со Американецот дека и првите впечатоци се позитивни.