Мицевски: СДСМ го крати буџетот за земјоделците за да финансира замајување на јавноста

Лицемерието на СДСМ на свој грб најмногу го почувствуваа земјоделците. Тие секојдневно се соочуваат со проблемите за кои новата влада нема абер да ги решава. Дополнително тие со ребалансот на буџетот предвидоа кратење на средства за земјоделците, истакна на прес-конференција Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски осврнувајќи се на предложениот ребаланс на Буџетот предложен од Владата предводена од СДСМ истакна дека парите наменети за земјоделците се кратат, но затоа, пак, се предвидуваат пари од ставката земјоделие за финансирање на невладини организации.

„Имено во услови кога земјоделците се соочуваат со штети, неисплата на субвенции со слаб род, со проблеми во откупот, СДС предвидува 30 милиони денари од буџетот на министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство да ги пренамени за финансирање на невладиниот сектор. Јавноста уште отсега знае каде и за што ќе завршат овие пари“, рече Мицевки.

Финансирањетио на овие невладини организации, продолжи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде со цел да ја покриваат „лажната и лицемерна“ политика на владата на СДСМ и Заев, замајувањето на јавноста и дефокусирање од суштински прашања.

„Овие невладини организации, финансирани со пари на граѓаните, треба да ги кријат проблемите на граѓаните. Нивната задача ќе биде да ја фалат работата на владата секогаш кога ќе направат погрешен потег во земјоделието или кога ќе предизвикаат катастрофа како што тоа е во моментот. Ова е начинот на кој владата на СДС го одбрала за да бега од одговорноста и за да бега од ветувањата дадени на изборите кои се однесуваат на земјоделието“, рече Мицевиски.

Показател дека оваа влада не се грижи за земјоделците, според Мицевски, е и предложениот ребаланс на Буџетот со кој се кратат 100 милиони денари во ставката за рурален развој, кратење на цели 128 милиони денари од Буџетот на Министерството за земјоделие намeнети за капитални инвестиции, ама затоа се предвидуваат 30 милиони денари за финансирање на невладини организации

„Јавноста и земјоделците со право се прашуваат дали со секоја нова катастрофа која ќе ја предизвикуваат во земјоделието ќе расте и оваа ставка за невладини-владини организации кои ќе треба да го задушуваат и покриваат револтот и незадоволството на земјоделците“, заклучи Мицевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.