Македонија

Мицфелдер: Не можам да ја разберам опозицијата која го бојкотира Парламентот

Мицфелдер: Не можам да ја разберам опозицијата која го бојкотира Парламентот

Не сум среќен што опозицијата го бојкотира Собранието бидејќи кога имате демократски избори треба и да ги прифатите резултатите од тие избори. Поинаку ќе беше доколку  постоеја сериозни поплаки за изборните процедури. Но такви големи инциденти кои ќе ја доведеа легитимноста во прашање на изборите немаше, истакна германскиот пратеник Мицфелдер во ексклузивно интервју за телевизијата Сител.

-Токму затоа не можам да ја разберам опозицијата која го бојкотира Парламентот…Во моментов домашната политичка борба и пречи на репутацијата на земјата. Повеќето луѓе во Европа не се интересираат за деталите, повеќето само гледаат дека постои проблем- како прво, голема загриженост предизвикува последниот терористички инцидент, а второ за што се загрижени е политичката стабилност која може да доведе до губење на препораката што исто така ќе наштети на угледот на државата, вели тој.

Тој за Сител вели дека очекувал договор по преговорите со Хан и дека неуспехот штети на цела наша земја.

Пратеникот дава позитивни оцени за работата на македонската влада за која вели дека постигна голем успех на полето на економијата, ако се спореди со другите земји особено со Грција.

Целото интервју со него, погледнете го на ТВ Сител