Спорт

Мичел знае дека Олимпијакос е виновен за елиминацијата

Свесен дека е пропуштена историска шанса, предводникот на Олимпијакос, Мичел, по натпреварот против Манчестер Јунајтед изјави дека вината за несреќната елиминација мора да се побара во неискористените шанси на „Олд Трафорд”.

„Создадовме неколку чисти шанси, но за жал, истите не ги претворивме во погодок. Тимот кој нема да искористи такви чисти шанси, на еден ваков натпревар, на вакво ниво, во Лигата на шампиони, на крајот сигурно ќе биде елиминиран. Сакам да им честитам на моите фудбалери, знам дека дадоа се од себе. Ако се анализира конечниот резултат, лесно ќе се дојде до впечаток дека противникот имал целосна доминација, но не е така. Се играше фудбал и на двете половини, но за жал, ние направиве повеќе грешки од противникот”, изјави шпанскиот стручњак.