Мицкоски: Четири пати поскапо ќе го платите незивесниот проект за нов Клинички центар

Во гостувањето на националната телевизија МТВ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се осврна на изградба на новиот клинички центар за кој рече дека до 2020 година тој не може да биде изграден.

Во врска со проектот на ВМРО-ДПМНЕ за изградба на клинички центар Мицкоски посочи дека проектот бил одобрен и препознаен од Светската банка за што и биле одобрени средства.

„Кој е тој граѓанин којшто сака од неговите пари од 120 милиони евра, за колку што беше предвиден проектот, да се пресели за половина милијарда, и тоа по можност никогаш да не биде изграден. Па вие утре да почнете со геотехнички истражни работи нема да можете до 2020 година да помислите да почнете со темелите под услов почвата да покаже да можете таква структура да изградите. Ако Европската инвестициска банка рекла дека е добра таа инвестиција, вие викате дека не е добра и ќе ја платите четиро пати поскапо, така било добро“, рече Мицкоски.

Мицкоски, исто така, го праша премиерот дали за 260-те милиони евра имале предвидени проекти и дали во здравството немало проекти, на што Заев во одговорот призна дека во здравството немало проекти и морало да поништат тендер за да се гради нов клинички центар во Бардовци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.