Мицкоски: Дали Заев уценувал некого со транскрипти од „Монструм“ за да состави коалиција?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервјуто во емисијата „Ѕид“ на телевизијата Алфа во четврокот вечерта, меѓу другото, рече дека се поставува прашањето дали со транскрипти од ткн „бомби“ на СДСМ за случајот „Монструм“ биле уценувани личности од сегашната влада на премиерот Зоран Заев.

„Транскрипти, кои видовме дека овие луѓе, кои претходно биле обвинети за егзекуција на овие млади човечки животи биле во постојан контакт со личност којашто е дел од сегашната коалиција. Се поставува прашањето дали можеби таа личност била уценета од вас цело време, за да биде ваш верен поддржувач и поданик“, потенцираше Мицкоски обраќајќи ми се на премиерот Заев.

Претходно семицава родители на едно од момчињата егзекутирани кај Смиљковското езеро крај Скопје изјави дела тогашниот челник на опозицијата Зоран Заев им покажал транскрипти на кои еден од порано осудените а сега повоторно осомничен за ова злосторство разговара со поранешниот гостиварски градоначкланик од ДУИ, Невзат Бејта, кој од медиумите минатата година беше посочуван како еден од најсилните подджувачи во оваа партија да коалициска со СДСМ и да направат парламентарно мнозинство и влада.

Мицкоски, исто така, реле дека во овој случај има многу дилеми, злоупотреби, ниски страсти, злоупотреби на чувствата на луѓето. Според него, црната кампања, лагите и злоупотребите со чувствата на родителите на убиените сега му се удираат од главата на премиерот Зоран Заев. Но изрази надеж дека многу скоро ќе биде потврдена првичната пресуда за случајот „Монструм“.

„Пресудата беше поништена, претпоставувам, повторно поради некои предизборни ветувања кога на родителите на жртвите им е едно ветувано, а на овие кои се егзекутори, им е друго ветувано“, рече Мицкоски додавајќи дека злоупотребувајќи ги човечките чувствства може да се соочат со сопствената црна и темна кампања и тие ниски страсти, како што рече, ќе им се удрат од глава.

Потенцираше дека на дневна основа може да се видат резултатите од злоупотребата на чувствата на луѓето во минатото.

„Одговорот доаѓа сега, неколку години потоа. Едно им се ветувало, им се презентирало, друго им се ветувало на другата страна, но во одреден момент вие морате да се соочите со реалноста„, нагласи Мицкоски.

Дополни дека во овој случај има многу дилеми, злоупотреби, ниски страсти, злоупотреби на чувствата на луѓето.

„Она што е трагично и траорно, никогаш повеќе вие не можете да излезете со легитимитет и кредибилитет и да тврдите нешто бидејќи честопати ветувате на повеќе страни, а истите тие ветувања понатаму не можете да си ги одржите. Во случајот на најниско ниво сте играле со чувствата на луѓето во најтешките и најболните работи, за најтешките и најболните нешта“, посочи Мицкоски.

Спорд лидерот на опозицијата, за да се прикријат погрешните политики се пуштаат нови бомби во судовите, додека за Заев снимките од Поткуп се позади затворени врати.

„Секогаш кога му е потребно на Зоран Заев и секогаш кога треба да има алиби за сите погрешни политики се појавуваат ’бомбите’. Тоа е израз на немоќ, неможност и неспособност да се справите со реалните теми. Ние имаме една суптилна емисија на втора едиција бомби, а време на судските процеси кои ги води СЈО, покрај сите оние бомби кои веќе македонската јавност ги слушаше, а грубо беа злоупотребени и се темелеше сето тоа на ниски страсти, сега имаме нова емисија, втора едиција на ткн бомби, со оние необјавени разговори, а кои СЈО ги користи како докази во судските постапки против лицата кои што се таму обвинети“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Ѕид“.

„Како се прави тоа? Се прави на отворени седници, во заднина седат луѓе со одредена идентификација коишто стенографски го запишуваат текстот на тие нови бомби, ги информираат своите редакции, без разлика дали се електронски, печатени или телевизиски куќи и истите тие натаму се пренесуваат стенографски, додека гледаме дека емисијата на ПИМ мерките коишто порано биле каде што експлицитно се гледа како премиерот Заев во својство на градоначалник на Струмица бара поткуп, беше позади затворени врати“, рече Мицкоски.

Доколку оваа практика не престане веднаш, Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ размислува и за поинакви мерки кои, како што кажа, ќе ѝ ги соопшти многу скоро на македонската јавност.

„Ние имаме сега суптилна емисија на втора едиција бомби иако, според Пржинскиот договор се сопре емисијата на ткн. снимени материјали, нелегално стекнати или во јавноста презентирани како бомби од луѓето од СДСМ“, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во продолжение рече и дека опозицијата не е информирана за преговорите во спорот за името со Грција. Мицкоски посочува дека опозицијата се информира од медиумите и јавноста за преговорите што ги води владата.

„Последната информација која ја има опозицијата е онаа информација којашто ја добивме на состанокот на оној лидерски состанок што го имавме во Клубот на пратеници некаде кон крајот на јануари. Каде што сетот на идеи што беше презентиран од медијаторот Метју Нимиц, којшто всушност ни беше претставен и на нас, којшто помалку или повеќе ѝ беше познат на јавноста, рече Мицкоски.

Посочи на интервјуата дадени во изминативе месеци од страна на премиерот, на вицепремиерот за евроинтеграции, на министерот за надворешни работи, па дури и брифингот за новинари каде што беше кажано дека опозицијата е информирана за секој детал.

„Јас категорично можам да кажам дека тоа не е точно, туку можам да кажам и дека е лага и во име на тоа би сакал да поставам три прашања и би сакал да добијам одговори на истите“, рече Мицкоски.

„Дали опозицијата е запознаена со предлогот што грчката страна го презентираше пред владините претставници за време на првата посета на министерот Коѕијас? Од јавноста дознавме дека е содржан на дваесет страни, мислејќи на грчкиот предлог“, запраша јавно Мицкоски.

Како второ, тој праша, дали потоа одговорот кој што го даде владата врз основа на тој предлог кој што беше опишан на 5 страни и го презентираше на опозицијата? И како трето прашање од Мицкоски, дали беше консултирана опозицијата со тој одговор на грчкиот предлог. И конечно дали, слушам дека има т.н. предлог меѓународен договор меѓу Република Македонија и Грција?

Мицкоски констатираше дека доколку одговорот на овие прашања на владините претставници е не, а не може да биде поинаков, значи одговорот ќе биде не, тогаш треба да и се извинат на македонската јавност но и на опозицијата зошто брутално ја манипулирале. Не само што опозицијата не е информирано туку и некако егзибиционистички се води целиот овој процес.

„Преговараме преку нарачани текстови во неделници најчесто во земји коишто не се Грција и Република Македонија, што му дава еден вид несериозен пристап во овој процес“, заклучи Мицкоски во врска со проблематиката во спорот за уставното име на земјата.

Притоа, поврзано со истото, Мицкоски рече дека македонскиот идентитет е запишан во личната карта на Република Македонија во Обединетите нации. Во неа се содржат идентитетските карактеристики и специфики како јазик, националност, двобуквен и тробуквен код забележа тој.

„На јавноста треба да ѝ е јасно дека идентитетското прашање е стекнато право во личната карта за Република Македонија во Обединетите Нации, идентитетските карактеристики и специфики како јазик, националност потоа двобуквен код, тробуквен код се дефинирани и тоа е стекнато право. Не знам кој би можел да го гарантира или не го гарантира и не знам зошто тие би биле дел од евентуални преговори. Нашиот двобуквен код е МК, нашиот тробуквен код е МКД, нашиот јазик е македонски и ние сме граѓани како што стои таму граѓани на ПЈРМ/Македонци односно Macedonian. Тоа го пишува на шест светски јазици. Тоа е стекнато право и тука апсолутно нема што ние да навлегуваме во суштината на истото“, истакна Мицкоски.

Меѓу друготом, Мицкоски, уште еднаш ја потврди црвената линија за ВМРО-ДПМНЕ која покрај промена на идентитетот е неприфатлива за најголемата опозициска партија. Тој констатираше дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во телевизијата Алфа во врска со скандалот во РЕК Битола рече дека власта е фатена како мести тендери. Потенцираше дека за може да се „штелуваат“ тендерите, прво мора да се елиминира Советот за јавни набавки кој е последниот филтер меѓу економските оператори и нарачателите, што владата го укина кон крајот на минатата година.

„Се елиминираше ова тело, сега имате ‘бришан простор’ и некаде во средината на март се објавува оваа јавна набавка каде што единствен критериум од аспект на техничките критериуми е да економскиот оператор, кој што треба да конкурира, во последните три години има ископано 900 илјади тони јаглен. Според моите сознанија, во Република Македонија тоа е една компанија“, појаснува Мицкоски.

Објасни и дека откако скандалот излезе на виделина на јавноста, во огласот бил вметнат и втор критериум кој го проширил опфатот на компании. Вториот критериум бил компанијата да има 900 илјади тони или милион метри кубни јаловина, камен итн.

„Кога сте фатени во лага, чесно е да си признаете и да поднесете одговорност. Во оваа држава мора да почне да функционира одговорноста. Ве фатиле, признајте, напуштете ја функцијата, оставете луѓе коишто знаат да си ја работат работата. Наместо да се повлечат, бараат брутална пресметка со неистомислениците креирајќи лажни вести, лаги и клевети“, рече Мицкоски.

Тој се осврна и на грешките коишто владејачката СДСМ ги прави во економијата, а за која оцени дека ќе ги плаќаат сите граѓани и оти сите стануваме заложници на неспособност на водечката структура.

„Економијата ни е во една катастрофална ситуација. Економијата во државата, една од двете најголеми и најрелевантни институции во светот, ММф и Светска банка ја ревидираа наместо 3,2 отсто, колку што предвидуваше Владата, на 2,3. На 3,2 проценти раст го проектирате и буџетот, што значи дека ви велат овие реномирани институции дека погрешно сте го проектирале. 0,9 отсто од БДП на 10 ипол милијарди, тоа е од прилика нешто над 100 милиони евра – вие повторно грешка сте направиле“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еден од неколкуте економски показатели кои ви кажуваат дека нешто лошо се случува во државата во полето на економијата е малопотрошувачката. Јас собирам искуство секојднево на терен, ја поминав половина Македонија и луѓето без исклучок дали во бурекџилница, бакалница, бутик, кафеана… велат дека прометот им е опаднат за најмалку 20, 30, па и 50 отсто. Не треба да имате каква и да е креативност и визија за да го заклучите тоа и сега наеднаш после ова претпоставувам дека ќе стигне едно стерилно соопштение од Центарот за комуникации – ја оправивме економијата, дупката ја закрпивме итн. Ама истовремено треба да се сетат дека кога тераа кампања во предвремените избори 2016 викаа точно знаеме во каква кондиција е државата, имаме решение, нудиме живот за сите. Е сега згрешија, и грешката сите ние треба да ја плаќаме. Како да ја плаќаме ние сите, а без да сноси некој одговорност?“, запраша Мицкоски.

Оцени притоа дека државата во моментов е заложник на немањето на капацитет. -Тоа е суштината, но доаѓа нова надеж, граѓаните не смеат да се разочаруваат затоа што доаѓа нова надеж.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да стане од масата односно ќе ги поддржи законите коишто придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот граѓанит, а како пример ги наведе трите клучни закона коишто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржаа во Собранието, односно Законот за заштитени сведоци којшто се избира со просто мнозинство односно 61 пратеник, другите два закона се Законот за ОТА и за следење на комуникациите.

„Она што успеавме да го испреговараме на маса, а е во интерес на граѓаните е каква беше затегнатата состојба. Затегнатата состојба беше посебен закон хибрид како законот за Специјалното Јавно Обвинителство, таква беше намерата да се донесе закон за заштитени сведоци. Ние ги аргументиравме нашите позиции и успеавме да го канализираме сето тоа во постојното законско решение за заштитени сведоци, односно сите обвинители во државата имаат на располагање совет кој што служи за промена на идентитетот на заштитените сведоци и има процедура како се поднесува барање и како се добива одговор од тој совет, односно кој може да биде заштитен сведок. И второ ги зголемивме казните при евентуално одавање на идентитетот на заштитениот сведок од 3 на 5 години затворска казна, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ успеало да аргументира пред владата на СДСМ дека не е потребен посебен закон, туку дека македонската легислатива е доволно сила и дека доколку се почитува она што е содржано во нејзе тогаш секој обвинител може да го испочитува своето право.

„Вториот закон за ОТА и за следење на комуникации е многу значаен за граѓаните, бидејќи во тој закон има регулирање на користењето на така наречените МЕТА податоци од граѓаните. МЕТА податоци ја претставуваат целокупната комуникација која што ја вршат граѓаните преку мобилен телефон. Со нашата аргументација успеавме да креираме европски компетативен закон и еден од најлибералните, а притоа ја намаливме можноста за евентуална појава на идни бомби. Односно со досегашното законско решение, МЕТА податоците операторите да ги користат една година ние го намаливме на 6 месеци. Законот предвидуваше директна комуникација помеѓу тајната служба и операторите, а ние воведовме посредник, а тоа ќе биде или Јавен Обвинител или судија. Третата суштинска придобивка е што се предвидуваше рок од 30 дена службите кои што ќе ги користат МЕТА податоците да го информираат Јавниот Обвинител за кои лица се искористени, ние таа обврска ја намаливме на 7 дена, рече Мицкоски.

Додаде дека за директор на ОТА ќе се избира со двотретинско мнозинство, наместо со просто мнозинство, бидејќи лицето кое што ќе биде назначен за директор треба да биде експерт, непристрасен во вршење на својата работа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.