Мицкоски до Заев: Единствено нудите распродажба на националните интереси

Во гостувањето на националниот сервис МТВ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос на прашањето за името рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ го знаат сите и дека е кажан многупати, а тој е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот со цел промена уставното име.

Мицкоски рече дека никој нема мандат од граѓаните, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, тоа да го смени. Посочи дека Заев многупати излажал во неговите јавни настапи на националните медиуми кога јавно пред граѓаните на Република Македонија кажувал дека нема да преговара за промена на уставното име.

„Имавме предлог кој веднаш го одбија Грците и го одбиваат во континуитет. Реалноста е поинаква. Ако ги загрозите еднаш преговарачките позиции логично е спротивната страна да очекува нон-стоп да ги загрозувате. Токму тоа е мудроста и трпениево во еден преговарачки процес. Мудроста и трпението требаше да ги барате пред шест месеци. Сега е доцна. Од овој момент па натаму преговорите ќе се водат за некои други предлози. Не ја продавајте капитулацијата за името како епохален напредок“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Заев ќе каже дека го спасил достоиснството и го праша како го спасил. Оцени дека Заев го урнисал целокупниот процес на преговори некој што со години го создавал.

„Видете, прашајте, имате кого да консултирате, луѓе искусни за овој процес во вашата партија. Прашајте ја поранешната министерка за надворешни работи ќе ви каже што значи преговарање и што значи процес на водење на преговори. Не се водат преговори егзебистионистички. Најголем капитал за една држава е народот“, истакна Мицкоски.

Додаде дека народот е тој што е потцененет во овој процес и дека народот сам ќе ја изгради оваа држава како што ја градел досега. Според Мицкоски, на народот му требаат чесни политичари кои што ќе ја водат целокупната обнова на македонската држава.

ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати промена на името, рече во продолжение лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски и потсети дека предлогот Република Илинденска Македонија веќе го одбила и грчката страна, одговорајќи на прашањето од премиерот Зоран Заев зошто не е прифатлив овој предлог.

„Ние имаме егзибиционистички процес. Не оди на арно работава. Ќе го потсетам Заев дека кажа оти не треба решението да се бара во промена на Уставот. ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи промена на Устав и уставно име. Заев јавно говореше дека нема да бара решение во промена на Уставот. Не Заев, сте го спасиле достоинството. Народот за една држава е најголем капитал, а вие го потценивте народот. На тој народ му требаат чесни политичари. Вие мислевте, но немавте решение и го урнисавте тоа што 25 години се градеше”, рече Мицкоски.

Заев, пак, рече дека прашањето за спорот со името власта е транспаренти.

„Пораката на Никола Димитров е да се има мудрост. Македонија нема алтернатива освен интеграциите во НАТО И ЕУ. Името Република Илинденска Македонија не го уништува идентитетот, туку го зајакнува. Лесно е да бидете против, туку треба да кажете што ако не се реши. НАТО значи стабилност и сигурност”, рече Заев.

Мицкоски дополни дека граѓаните очекуваат политики, решенија и проекти за подобар живот, а не капитулација и побара одговор од премиерот да одговори дали донеле „живот или чемер и јад“ во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.