Македонија

Мицкоски го информирше рускиот амбасадор Шчербак за реваншизмот на власта

Мицкоски го информирше рускиот амбасадор Шчербак за реваншизмот на власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во четвргтокот се сретна со со амбасадорот на Руската Федерација во Скопје, Олег Шчербак.

На средбата се разговараше за односите на Република Македонија со Руската Федерација како и за актуелната политичка и економска состојба во Македонија.

Мицкоски во разговорот го информираше својот соговорник за реваншизмот кој власта го спроведува кон опозицијата, односно дека неоправдано во притвор од страна на актуелната власт се држат 6 пратеници од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што претставува 12 отсто од самата коалиција или 5 отсто од вкупниот број на пратеници, информираат од партијата и додаваат:

Од страна на претседателот Мицкоски беше нагласено дека и покрај забелешките кои ги имаше Народниот правобранител за начинот на притворање и целата процедура со која се спроведуваа народните избраници до судот, до сега нема никаква одговорност од страна на актуелната власт.

Мицкоски со амбасадорот на Руската Федерација Олег Шчербак разговараше и за економските проблеми со кои се соочува Македонија по доаѓањето на новата власт, односно за економските показатели кои се во надолен тренд изминативе неколку месеци.