Мицкоски: Кандидатите за градоначалници кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ се со кредибилитет и способност за резултати

Кандидатите за градоначалници кои веќе ги соопшти ВМРО ДПМНЕ се луѓе со кредибилитет и способност за резултати, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во вестите на Сител телевизија.

„Тоа се кандидати за градоначалници кои што се почитувани во своите општини, во средините од каде што доаѓаат и потекнуваат. Нормално тие се резултат на една теренска анкета, консултација со граѓаните, распрашувања и врз основа на сите тие параметри констатиравме дека тие се најдобрите кадидати за градоначалници во тие општини. Мотивирани од таа причина ИК на ЦК одлучи да му ги предложи овие пет имиња за потенцијални кандидати за градоначалници“, изјави Мицкоски.

Тој најави дека во периодот кој следува партијата ќе промовира и други кандидати за градоначалници, тој кажа и дека процесот на анкетирање и на распрашување е се уште во тек, така што најави дека наскоро ќе се знаат имињата на одредени кандидати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.