Мицкоски: Катастрофалните преговори донесоа капитулатнски договор со Грција

За ВМРО–ДПМНЕ ова е капитулантски договор, тоа е прифаќање на сите грчки позиции, сто проценти, а решението требаше да се бара во рамки на некои наши позиции, но ние капитулиравме и прифативме ултиматум. Можеби не можеше да биде предесет-педесет, нека беше асимитреичен во наша загуба, но никако не смееше да биде сто наспроти нула, имавме капитулантско водење преговори кои очекувано донесоа апсолутна катастрофа, рече во четвртокот вечерта претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, во текот на гостувањето на Алсат М.

Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Патот Кон“ на Алсат-М посочи дека договорот со Грција е капитулански договор кој во многу основи значи прифаќање на грчките позиции. Потенцираше дека кога се има договор, логично е да се постават почетните позиции на едната и на другата страна и решението да се бара внатре во рамките на тие позиции.

„Во овој случај нашата страна апсолутно капилутираше и го прифати улитматумот од спротивната страна. Јас не велам дека договорот треба да биде симетричен 50-50, еве нека биде асиметричен, но нека не биде 100:0 за спротивната страна. Во изминативе шест месеци ние имавме едно калкулантско водење на преговори, егзебистионистично. Јас знам дека тие немаат капацитет да се справат со реалните проблеми на граѓаните од областа на економијата на здравството или слично“, истакна Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се нема визија како да се води државата, а како потврда дошле овие преговори што значи дека и во дипломатијата се води катастрофална политика која донела апсолутна катастрофа за Република Македонија.

„Јас сум Македонец, се идентификувам како Македонец и според моите корени и по она што ќе го оставам зад себе и никој нема право тоа да го порекне, а со овој договор мене ми го негираат правото да се самоопределам како Македонец и да живеам во македонска држава“, истакна Мицкоски.

„Ние, како партија, сме кажале дека за идентитетските прашања не се преговара. Со самото тоа што они во овие преговори кажуваат дека успеале да постигнат нешто, а лажат, самото тоа вели дека они преговараат за нешто за што не треба да се преговара, ниту пак некој им дала право да преговараат“, подвлече Мицкоски и праша „Кој му дава право на Заев или на Димитров да преговара за нешто што е веќе стекнато право“.

Потсети дека во законодавниот дом пратениците од владејачката СДСМ се повикуваат на две историски личности Гоце Делчев и Скендеребег, но според Мицскоски, имајќи го предвид договорот со Грција, посоодветно би било идентификувањето да биде со Коте од Руља, отколку со двете споменати историски личности, алудирајќи на друга историска личност со којашто се асоцира на предавство.

„Сепакм, не треба да ги навредуваат ликот и делата на тие личности. Повеќе мислам дека им прилега епитетот Коте од Руља и на тоа име треба ние да ги распознаваме тие луѓе коишто го потпишаа овој договор и коишто се обидуваат на јавноста оваа капитулација да ѝ ја претстават како победа“, истакна Мицкоски.

Потенцираше дека одговорноста за целокупниот процес на преговори е „само на едно лице и неговиот придружник“, а тоа се Зоран Заев и Никола Димитров.

„Тие ја доведоа Македонија во една ваква ситуација да го изгуби правото на самоопределување на Македонецот. Овој договор во иднина врши комплетно уништување на Македонецот… Излегуваше премиерот и викаше ‘јас нема да дозволам промена на Уставот, додека дишам’, се колнеше во предците, се колнеше во дедовината, во татковината, се колнеше во најмилото, за на крај да видиме што се случи’, истакна Мицкоски.

Додаде дека премиерот Зоран Заев давал интервјуа во светски списанија во кои говореше дека морало да го задржи натписот „Влада на Република Македонија“, за само неколку седмици подоцна да излезе пред јавноста и да каже дека нема да биде премиер на земјата како што се колнеше претходно, туку ќе биде премиер на Република Северна Македонија.

„Од овие авантуристички и ‘купи ден – продај’ политики, од овие политики ‘вети, а не исполни’, од овие политики ‘лажеш, а тоа не само што лажеш, туку сушиш лажеш’ губат сите граѓани. Се губи кредибилитетот на институции, кои со години го стекнувале пред македонската јавност. Не може вака, мора овие луѓе да заминат“, рече Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.