Мицкоски: Ќе им понудиме нешто ново на младите за своите семејства да ги подигнуваат во Македонија

Сакаме да понудиме нешто ново авангардно за младите, нешто што ќе значи додадена вредност во нивните животи натаму, што ќе значи доволна провокација и мотив тие својата иднина и своите семејства да ги подигнуваат тука во Македонија, а не да ја напуштаат, бидејќи навистина нема нешто потешко кога ќе се разделите од својот дом, изјави меѓу другот во саботата во Струмица челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој учесвуваше на маршот на Беласица во спомен на годишнината од ликвидацијата на петте струмички студенти во периодот на комунистичкиот режим.

„По осум и пол километри мнати низ Беласица планина се наоѓаме на местото каде што на 13 август 1951-та година беа стрелани Топчев, Белев, Пецев, Костуранов и Јарамов. Нека им е вечна слава. Нека овој марш прерасне во традиција и нека идните генерации на Унијата на млади сили, но и сите оние граѓани кои што сакаат да им се придружат и ги почитуваат ликот и делото на овие прерано згаснати млади човечки животи“, рече Мицкоски.

Говорејќи за егзекутираните млади струмичани, Мицкоски кажа дека тоа биле луѓе кои верувале во европска Македонија, наиционално освестени на коишто македонската кауза им значела и повеќе од сооствените животи.

„Еве и денеска се соочуваме пред една таква неправда која и се нанесува на нашата татковина. За жал, секогаш Македонија патела од раката на Македонецот, така се случува и десетици години потоа. ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили денеска оддаде почит на прерано згаснатите животи на овие млади патриоти. Ова прошетка ја искористив да поразговарам со младите луѓе, со луѓето на коишто иднината им претстои допрва во нивната земја“, рече Мицкоски порачувајќи дека неговата партија ќе работи на создавање услови да се запре одливот на млади луѓе и професионалци од земјата.

Рече дека како универзитетски проесор, но и како претседател на најголемата опозициона партија имал можности да слушне проблемите на младите и од руралните и од градските средини, што претставувало корисно искуство кое ќе ѝ помогне на ВМРО-ДПМНЕ да работи на следната предизборна кампања.

„Затоа можам да препорачам на сите оние Македонци, на сите оние национално осознаени патриоти кои што го љубат ликот и делото на предците кои што со крв ја платиле слободата во која што ние уживаме, ваквите маршеви и чествувања во иднина да станат еден вид традиција, па еве и ова нека биде доволна провокација за идните генерации да се видиме и следната година на овој марш во чест на прерано загубените животи на Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов. Уште една од местото каде што беа крвнички отепани порачувам – Слава им!“, залучи Мицкоски