10.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Мицкоски: Македонија мора да оди напред, ВМРО-ДПМНЕ ги има одговорите, нашата програма ќе биде нашиот завет за подобра иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес е во посета на Струга каде оствари средба со граѓаните, а го посети и општинскиот комитет.

Секаде каде што стапнав во Македонија го добивам истиот одговор. Македонија се наоѓа во тешка криза. И Струга и стружани го живеат тешкото секојдневие. Со нив се видов ова попладне. Единствена работа што во овој момент расте и единствена работа што во овој момент се движи напред се бизнисите на картелот на власт, единствена работа што во моментот се сее, се плантажите со марихуана на Заеви, единствена работа што цути се “пупките во судството” што на Зоран Заев му овозможија ослободителна пресуда. Тоа е единствено што оди напред додека се друго назадува. И затоа народот живее полошо. Велат од власта дека Македонија немала имотен лист, еве јас ќе им порачам Македонија не е дивоградба, Македонија има свој идентитет и свој јазик кое е стекнато право, и никој нема право по цена на достоинството на овој народ, и интересите на нашата држава да прави пазар. Македонија мора да оди напред, Македонија мора да победи. ВМРО-ДПМНЕ ги има одговорите и нашиот план, нашата програма ќе биде нашиот завет за подобра иднина, пишува Мицкоски во својата објава на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.