Мицкоски на состаноци со пратеничката група и Извршниот комитет

Денеска во ВМРО-ДПМНЕ е раздвижено. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе оствари состаноци со пратеничката група и ќе заседава Извршниот Комитет ова попладне. Се очекува разгледување на новонастанатата ситуација, по вчерашното добивање на документот кој го договорил Заев со Алексис Ципрас.

Таквиот договор за Мицкоски е договор за капитулација и пораз за државата. Вчера Мицкоски изјави дека ќе отпочне процес на широки консултации и очекува изјаснување и на другите субјекти кои имаат општествена одговорност како МАНУ, МПЦ, Универзитетите и професорите.

Мицкоски претходно најави дека договорот е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Подоцна во денот по одржаните состаноци се очекуваат и изјави за содржината на договореното.