Мицкоски на состанок со ПОДЕМ Битола- поддршка за Зоран Илиоски

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера оствари состанок со членови на партијата ПОДЕМ во Битола.

Општинската организација на ПОДЕМ Битола,  на овие локални избори е застапена со 3 кандидати за советници, на листата на Победничката коалиција За Подобра Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ.

ПОДЕМ активно учествуваше во создавањето на Програмата на Коалицијата која се темели на реални проекти, објективни ветувања, кои во периодот 2017 – 2021 макотрпно ќе работиме за максимална нивна реализација! За секој проект во нашата програма СЕКОГАШ РАБОТА СЕКОГАШ БИТОЛА постојат прецизни рокови и износи на чинење, како и нивни извори на финансирање.

-За тековните, најчесто комунални проблеми, Како и досега, така и во идниот период ПОДЕМ ќе практикува ОТВОРЕНА и ИСКРЕНА СОРАБОТКА со претставниците на урбаните и руралните заедници од градот и селата, за да во планирањето на буџетите, ги вметнеме нивните приоритетни предлози и заедно со општинските одделенија и локалните претпријатија доследно да РАБОТИМЕ на нивно успешно реализирање, изјави Николче Јанкуловски, кандидат за советник-ПОДЕМ Битола.

ПОДЕМ застанува зад кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски во градоначалничката трка за Битола. Поддршка за Илиоски исто така дојде и од ВМРО-НП, која одлучи да ги поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.