Македонија

Мицкоски на средба со челникот на Меѓународниот републикански институт

Мицкоски на средба со челникот на Меѓународниот републикански институт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на неговата посета на Вашингтон се сретна со претседателот на Меѓународниот репубилкански институт (IRI), Даниел Твининг, кој на средбата беше придружуван од регионалниот директор за Европа, Јан Ерик Суротчак.

На средбата соговорниците се осврнаа на билатералните односи меѓу Република Македонија и САД и заемно се согласија дека е потребно нивно натамошно развивање.

Мицкоски и Твининг разговараа за загрижувачките трендови во Република Македонија поврзани со владеењето на правото и правната држава. Мицкоски го информираше Твининг за злоупотребите на институциите од страна на владејачката структура.

Во рамките на разговорите посебен фокус се стави на соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Меѓународниот Републикански Институт во процесот на програмска соработка со цел зацврстување на капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ и развојот на демократските процеси во Република Македонија.