Мицкоски на средби во Белата куќа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Моли Монтгомери, посебен советник за Европа, Евроазија и Русија на Потпретседателот на САД Мајк Пенс.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека во текот на разговорот двајцата соговорници се осврнале на добрите билатерални односи помеѓу двете земји и потребата од понатамошно надградување на истите во повеќе области.

-Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија на која клучни надворешно-политички приротитети и се членството во НАТО, ЕУ како и развој на стратешкото сојузништво со САД. Во разговорот за актеулната политичка состојба во Република Македонија, Мицкоски ја информираше Монтгомери за бројните злоупотреби од страна на актеуалната власт поврзани со нетранспаретност, селективна правда и избегнување на одговорност за злоупотреба на законите. Тој потенцираше дека Република Македонија мора да се фокусира на реформи насочени кон создавање на посилна економија, се со цел поголема благосостојба на граѓаните во нашата земја, се наведува во соопштението.

Од партијата истакнуваат дека соговорниците се согласиле дека Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие цели.