18.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Мицкоски од Валандово: Нема човек кој денес вели дека живее подобро

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со членовите и симпатизерите од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Валандово.

Тој најпрво истакна дека секој еден граѓанин е добредојден да се придружи кон програмата на партијата која се подготвува, а при што во неа ќе бидат вметнати сите потреби на граѓаните, бидејќи како што рече тој граѓаните го заслужуваат најдоброто.

-Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш на нивна страна. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ работи во нивен интерес и се грижи за нивните потреби. Граѓаните знаат дека ние сме единствената опција во моментот во Република Македонија која може да понуди чесна, искрена и принципиелна политика, изјави Мицкоски.

За моменталната ситуација која се случува на економски план Мицкоски потенцираше дека е катастрофална и загрижувачка за сите граѓаните.

Мицкоски додаде дека од секојдневната комуникација со граѓаните од каде што добива информации  до сега никој не му кажал дека сега се живее подобро и поквалитетно.

-СДСМ велат дека дошол живот за сите, но реалноста е многу подруга. Имав средба со младите, ми соопштуваат претседателе чекаме да завршиме факултет и да си одиме од оваа држава, немаме иднина во нашата Македонија, оваа власт не ни понуди никаква опција, немаат ниту една мерка за нас младите. И ова мора да се спречи. Наш главен приоритет ќе бидат младите за кои ќе се залагаме да се создадат услови да не ја напуштат Македонија, бидејќи тие се иднината на оваа држава, кажа Мицкоски.

-Очигледно од канцелариите на Владата изгледа розова сликата за животот надвор, но овде помеѓу работливиот народ на Македонија реалноста е сосема поинаква, поразителна за власта која ја киднапираше државата, засилено носејќи ја кон политичка и економска пропаст. Решението е оваа неспособна влада да си замине. ВМРО ДПМНЕ има план и тим кој ќе ја избави државата од цунамито наречено СДСМ и тројката Заев, Тевдовски, Анѓушев, изјави Мицкоски.