Мицкоски: Парламентарното мнозинство подготвува сценарио за непочитување на волјата на народот

Во животот немам ниту една концесија, немам склучено ниту еден задкулисен договор, затоа што сум човек со чист образ и чест, објави во средата челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоскиц, кој ги негира шпекулациите дека се сретнал со собранискиот спикер Талат Џафири, ниту со премерот Зоран Заев во врска со штотуку започнатата пленарна седница на која владејачкото мнозинство сака да го мине Законот за јазиците без на дневен ред да бидат ставени амандманите на опозицијата.

„Околу шпекулациите кои произлегоа, немав никаква средба ниту со Талат Џафери, ниту пак со Зоран Заев. Единствено бев Собранието на координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во објавата на Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека власта и парламентарното мнозинство прават атак врз демократијата, ја поништуваат волјата на граѓаните“ и предупредува:

„Парламентарното мнозинство во Собранието спрема настан кој не ја почитува волјата на огромен број македонски граѓани, го крши Уставот, Деловникот, ова е директен удар на соживотот во Македонија, од кој ниту Албанците, ниту Македонците нема да имаат подобар живот. Само две партии што се договориле врз грбот на етничките заедници мислат дека имаат ќар. Но, државата и граѓаните не. ВМРО-ДПМНЕ е против ваквото сценарио, со чист разум, затоа што тоа е единствениот исправен чекор, затоа што јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме да ги штитиме интересите на граѓаните“, се заклучува во фејсбук статусто на Мицкоски.