Мицкоски: По триумфот на локалните ќе бараме предвремени парламентарни избори

Ни претстојат локалните избори и целокупната оваа активност која што ја нарековме работно лето чувствуваме, а тоа го потврдуваат и анкетите од терен дека локалните избори ќе бидат уште еден триумф за ВМРО-ДПМНЕ, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Кичево.

-По изборите оваа есен ние ќе одиме чекор плус и ќе бараме предвремени парламентарни избори што ќе значи целосно делегитимирање на  оваа ненародна власт и повторно враќање на ВМРО-ДПМНЕ на чело на државата, вели Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.