6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Мицкоски: Преку внатрешното реконструирање на партијата ќе понудиме една нова надеж

ВМРО-ДПМНЕ претставува бренд и битие на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во минатото често пати била пред предизвиците и претставувала браник на државноста на Република Македонија и во тој дух ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да функционира, ова вечерва во отвореното студио на Македонската радио телевизија го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Се разбира дека политиката е динамичен процес и процес во кој што вие мора да воведувате нови пракси и практики, а дел од тие практики ќе се обидеме да ги примениме во периодот кој што следува. Преку внатрешното реконструирање, новиот извршен комитет, дел од партиските комисии кои исто така ќе бидат значаен фокус на ВМРО-ДПМНЕ, потоа двете ново формирани тела кои како претседател ќе ги предложам, тоа е Советот на извршниот комитет и Советот на претседателот, а овие сите во една заедничка синергија заедно со секретаријатот што ќе биде дел од новиот генерален секретар на партијата ќе формираме едно тело кое што ќе донесе нов квалитет на политичката сцена во Македонија и ќе понуди една нова надеж, потенцира Мискоски.

Тој додава дека како млад човек на 40 години има можност и прилика да служи на сопствениот народ и граѓаните на Македонија  како и на државата Македонија во која се родил и се образувал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.