Мицкоски: Премиерот диктира пресуди и обвиненија

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на ТВ дуел дебатираат за повеќе прашање од областа на внатрешната и надворешната политика и економијата.
На првата тема – реформите во правосудството, однсно дали судиите се’ уште не можат да се ослободат од стагите на партиите на власт, Заев посочи дка денес разликата е голема, бидејќи имаме траспарентни и отоврени судски процеси.

Македонија заслужува отворена судска постапка,  граѓаните да имаат увид секогаш. Богови во постпките се доказите, ако ги има секој треба да одговара.  Јас верувм дека не е сјајно, нема многу кардовски промени, но, реформата треба прво да ја направат во својата глава, за да има квалитетна имплементација. Јас верувам дека правосудтвото е на добар пат да биде независно, посочи Заев.

Мицковски, пак, рече дека Заев е трипати помилуван до сега за криминал, за случајот Глобал во Струмица, за случајот на СЈО Пуч и сега на очиглед на јавноста, во отсуство на јавност и транспарантност, премиерот доби ослободителна пресуда.

Независноста на судството е клучната реформа не е транспарентноста. Имаме премиер на држава кој ги погодува пресудите, имаме премиер кој каува дали судските постапки ќе завршат со ослободителна пресуда. Треба да се реформираат судовите да бидт независни, вели Мицкоски.

Тој го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО и потенцира дека  најважно е мислењето на граѓаните што го имаат за судството.

Граѓаните најмалку забележуваат сигурнист во судските одлуки. Премиерот ги претскажува судските одлуки.  Тоа ги праи дополнително несигурни граѓаните. Ќе веруваа во судството ако ве осудеа. Ако не ги направевте слепи и глуви граѓаните. Кога ќе дојдеме на власт прво што ќе направиме е независно судство по примерот и праксите на развиените земји. Не може  при очиглед на јавноста,  да ги правиле слепи и глуви граѓаните, заклучи Мицкоски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.